За Нас

Јавното Претпријатие Национална Радиодифузија е основано со Законот за основање на ЈП НРД- Скопје (Сл. весник на Р.М бр. 6/1998).

Јавното претпријатие Национална Радиодифузија врши дејност од јавен интерес. Јавното претпријатие дејноста ја врши под услови и начин определен со Законот за радиодифузната дејност, Законот за телекомуникациите, Законот за јавните претпријатија и други закони.

Јавното претпријатие се организира така што дејноста заради која е основано да ја врши на начин со кој се обезбедува:

                            1. техничко- технолошко единство на системот;

                            2. ефикасност во работењето, како и усогласеност на сопствениот развој со севкупниот развој;

                            3. заштита и унапредување на добрата од општ интерес;

                            4. транспарентност и недискриминација во работењето;

                            5. трајно, уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услугите и

                            6. функционална поврзаност со радиодифузните системи на другите земји во светот.

Во согласност со меѓусебни договори што ги склучила, односно им пристапила Република Северна Македонија.

Јавното претпријатие се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на програмите на територијата на Република Северна Македонија што се емитуваат преку основната радиодифузна мрежа.

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА– СКОПЈЕ е јавен радиодифузен оператор на територијата на Р. Северна Македонија кој се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на програмите на територијата на Република Северна Македонија што се емитуваат преку основната радиодифузна мрежа.

Развојните проекции на ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА  – СКОПЈЕ во делот на обезбедување на основната функција се движат во насоките:

  • Дигитализација на земските телевизиски и радио мрежи;
  • Следење и воведување на нови технологии од областа на радиодифузијата и електронските комуникации;
  • Изградба на нови радиодифузни објекти за допокривање на населението на Р. Северна Македонија со квалитетен радио и телевизиски сигнал.

При реализација на своите услуги, во потполност ќе ги исполнува:

  • Барањата и очекувањата на граѓаните-корисниците и обезбедување на нивно задоволство,
  • Барањата на важечките закони и прописи,
  • Сопствените барања и цели

 

Овие цели ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ ги остварува со спроведување и постојано подобрување на воспоставениот систем за менаџмент со квалитет, усогласен со барањата на стандардот ISO 9001: 2015, што опфаќа:

 

  • – Развивање партнерски односи со испорачателите.
  • – Идентификација, утврдување и управување со процесите и ресурсите кои придонесуваат за задоволство на граѓаните-корисниците на услугите,
  • – Активно учество на вработените во процесот на давање услуги,
  • – Поедноставување на постапките на услужување на граѓаните-корисниците на побрз, поефикасен, поефтин и поквалитетен начин,
  • – Постојано подобрување на квалитетот на услугата и процесите на давање услуги со континуирана обука на кадарот,
  • – Развивање партнерски односи со добавувачите,
  • – Постојано следење на светските трендови од доменот на својата дејност,
  • – Посветеност кон постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитетот
  • – Мерки за зголемување на задоволството на граѓаните-корисниците,