Секторот за развој и инвестиции ги содржи следните одделениа:
- ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЛАНИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ И ПРОПАГАЦИОНИ МЕРЕЊА
– ОДДЕЛ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ
– ОДДЕЛ ЗА ПРОПАГАЦИОНИ МЕРЕЊА И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА СИГНАЛ
- ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ И ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Годишен план на активности во одделението
Раководителот на одделението за планирање, проектирање и пропагациони мерења, изготвува: Годишен план на активности за наредната годинана (во слободна форма) и го доставува до раководителот на Секторот за развој и инвестици, кој понатаму го проследува до директорот на одобрување. Прочистениот и одобрен план е основа за реализација на активностите во наредната година.
Активности на одделението за планирање, проектирање и пропагациони мерења:
- Активности на пропагациони мерења;
- Проектирање на нова телекомуникациска врска;
- Проектирање на нов радиодифузен објект;
- Иницирање на мерењата.
Пропагационите мерења можат да бидат иницирани заради:
- Реализација и завршување на нов РД објект;
- Согласно со годишниот план за мерења;
- Записник за утврдена неправилност од страна на АЕК;
- Барање од Советот за радиодифузија.
Главни активности на одд. ИТ се:
- Проектирање и реализација на информатичката хардверска и софтверска инфраструктура;
- Одржување на информатичката хардверска и софтверска инфраструктура;
- Архивирање на податоци од значење на НРД и создавање резервни копии на податоци (Beck up);
- Обука и изготвување упатства за користење на ресурси;
- Администрирање со web – страна;
- Логистичка ИТ поддршка на корисниците на ИТ инфраструктурата;
- Доделување привилегии;
- Останати услуги во работењето на НРД во доменот на ИТ.