Секторот за за нормативно – правни и општи работи и човечки ресурси ги содржи следните одделенија:
- ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ РАБОТИ
- ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
- ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ
Задача на одделението за правни работи е:
- Обезбедува правна поддршка во остварување на правата и обврските на ЈП.
- Ја организира и ги следи постапките за решавање на споровите (судски, управни и сл) и спроведува правни анализи во име на ЈП, при што дава извештаи за овие постапки на секои два месеца;
- Го застапува ЈП пред надлежните судови, државни органи и сите други институции, согласно насоките на директорот;
- Изготвува документи за поведување на постапки пред судски и управни органи, за заштита на интересите на ЈП;
- Ја следи законската и позаконската регулатива и за донесените промени доставува известување до надлежните сектори;
- Дава мислења и предлози во врска со изменување и дополнување или донесување на законска регулатива поврзана со работата на ЈП;
- Им дава мислење на органите на државната управа и други организации и институции по определени прашања поврзани со работата на ЈП;
- Го организира работењето на Управниот одбор и Надзорниот одбор, во однос на почитувањето на утврдените права и обврски од правен аспект, согласно донесените акти;
- Ја контролира и организира подготовката на актите што ги донесува директорот, управниот одбор и надзорниот одбор;
- Води посебна писмена евиденција за работата на управниот и надзорниот одбор, и посебна евиденција за донесените акти;
- Ги следи задолженијата од страна на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, АЕК и др, во делот на задолженијата спрема ЈП;
- Дава коментари и препораки до Одделението за јавни набавки во врска со подготвените прописи дава објаснување за примената на законите, подзаконските акти и сл односно дава мислење во врска со правата, должностите и обврските на ЈП согласно закон за јавни набавки;
- Дава мислење на постапките за набавка на стоки, услуги и работи за потребите на ЈП од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива,
- Ги изготвува договорите за јавни набавки, договорите за закуп, договорите за работа, договорите за деловно техничка соработка и сите останати договори со кои се регулираат права и обврски на ЈП;
- Изготвува документи за назначување на вработени лица во делот на реализација на склучените договори;
- Дава толкување на спорни одредби во делот на склучените договори;
- Поведува постапки за регулирање на имотно-правните односи во делот на сопственоста, владението, користењето и сл, на ствари од страна на ЈП;
- Водење на посебен регистар за целата документација во делот на имотно правните работи;
- Ја води, контролира постапката за вработување согласно Законот за работните односи и останатата позитивна законска регулатива
Задача на одделението за општи работи е:
- Да се уредова начинот на работа во одделението за општи работи;
- Да ја води процедурата за да се планираат, организираат и реализираат активностите на јавните набавки со цел да се обезбеди ефикасно, транспарентно, непристрасно, еднаков однос према сите страни, исто така и комуникација према сите економски оператори, со навремено и правилно набавување на стоки, услуги и работи;
- Да се води процедура и евиденција за примена на мерките за безбедност и здравје при работа;
- Да се води процедура и евиденција за примена на мерките за здравствена заштита;
- Да се води евиденција за противпожарна заштита;
- Да го утврдува начинот на евиденција, контрола, анализа и користење на службените превозни средства;
- Да се води процедурата со која се уредува начинот на работа и правилата на постапувањето со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење;
- Одржување на хигиена во службени простории.