СЕКТОР ЗА ЕКОНОМСКИ РАБОТИ

Секторот за Економски работи ги содржи следните оделениа:

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ РАБОТИ
  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ
  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

 

Главни активности на Секторот за економски работи се:

  1. Следење и примена на законските и подзаконските акти од областа на сметководственото и финансиско работење и јавните набавки;
  2. Планирање и следење на реализацијата на планските позиции;
  3. Управување, следење и контрола на средствата и движење на средствата и изворите на средствата на ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ, утврдени со Годишната Програма за работа и развој;
  4. Евиденција, наплата на побарувања и плаќање обврски;
  5. Реализација на јавни набавки;
  6. Интерно информирање во рамки на претпријатието и екстерно кон надлежните институции.

 

Планирање на работата

Основа за планирањето на работата на ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ се плановите за работа за тековната година.

Основен плански документ во кој се дефинирани средствата неопходни за реализација на плановите за работа и потребните човечки ресурси кои ќе ги реализираат обврските е Годишната Програма за работа и развој на ЈП Национална Радиодифузија. Изготвувањето на Годишната Програма за работа и развој базира на повеќестепено предлагање, усогласување и утврдување на потребите на секторите во НРД, со конечна верзија на ниво на НРД. НРД изготвува и други плански документи, се во согласност со регулативата во оваа област.