This post is also available in:
Albanian (Albanian)
English (English)
Секторот Емисиона Техника ги содржи следните одделениа:
- ОДДЕЛЕНИЕ РАДИОДИФУЗНИ РЕГИОНИ–ИСТОК
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ТУРТЕЛ
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ГОЛАК
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ СТРУМИЦА
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ГЕВГЕЛИЈА
- ОДДЕЛЕНИЕ РАДИОДИФУЗНИ РЕГИОНИ-ЗАПАД
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ПЕЛИСТЕР
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ МАЛИ ВЛАЈ И ОХРИД
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ БИТОЛА
- ОДДЕЛЕНИЕ РАДИОДИФУЗНИ РЕГИОНИ-ЦЕНТАР
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ЦРН ВРВ
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ПОПОВА ШАПКА
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ГОСТИВАР
- ОДДЕЛЕНИЕ СРЕДНОБРАНОВ ЦЕНТАР-ОВЧЕ ПОЛЕ
– РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ ОВЧЕ ПОЛЕ
- ОДДЕЛЕНИЕ ЛАБАРАТОРИЈА, ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ
– ОДДЕЛ ЗА ИНТЕРВЕНТНО И ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ
– ОДДЕЛ ЗА ЛАБОРАТОРИСКО ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ
Дел од активности на одделението во секторот за емисиона техника се:
- Раководење, планирање, организирање, водење и контрола на работењето на одделението.
- Водење соодветна евиденција, одредување и водење на оперативни и административни работи на одделението.
- Грижа за правилно користење на имотот и средствата за работа на одделението.
- Подготвува, предлага и се грижи за реализација на годишниот план за работа на одделението.
- Подготвува, предлага и се грижи за реализација на годишните планови за инвестиции и финансии на одделението.
- Подготвува технички спецификации за тендерски постапки од делокругот на одделението.
- Врши распределување на задачите и дава упатства за работа во одделението.
- Планира и контролира дневни активности во одделението.
- Се грижи за стручно оспособување и усовршување на вработените во одделениео, надзор на останатите соработници.
- Превзема мерки за утврдување на одговорност при повреда на службена должност.
- Врши организирање и водење на одржување и поправка на електронски уреди, опрема и системи како и лоцирање и отстранување на дефекти на уреди и опрема.
- Обавува надзор при монтажа на уреди, опрема и системи.
- Технички соработува и врши консултации со други релевантни стручни лица.
Активности на одстранување на дефект:
По добивање на информација од вработените во терминалот за одреден дефект, раководителите на сектори постапуваат по процедурата за одржување.
Обврска на вработените кои од раководителот добиле работен и патен налог да се јават во терминалот во секторот Телекомуникации и да дадат информација за вработените кои тргнуваат на пат, местото и видот на интервенцијата, времето на поѓање. По враќањето од пат се исто така должни да се јават во терминалот и да дадат информација за интервенцијата и времето на пристигањето од пат.