Одделението е самостојна организациона единица во која се вршат следните работи:
- оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на директорот на субјектот за намалување на факторите на ризик,
- врз основа на анализи ја утврдува и ја оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финанскиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на субјектот,
- проверка на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи,
- утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконите и интерните акти,
- следење на спроведувањето на превземените мерки од раководителот на субјектот врз основа на ревизорскиот извештај и
- други работи предвидени со закон, подзаконски акти и меѓународни стандарди за внатрешна ревизија.