Основна дејност

ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации како што се:

 

  1. Развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и средства и обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги.
  2. Обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други информациски содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа на територијата на Република Северна Македонија.
  3. Пренос и емитување на програмскиот сервис наменет за активностите на Собранието на Република Северна Македонија на целата територија на Република Северна Македонија.
  4. Обезбедување, емитување на посебни програми за информирање, зачувување на културните и историските традиции и за одржување и унапредување на врските со иселениците и другите граѓани од Република Северна Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и други континенти.
  5. Обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот во согласност со меѓународните договори што ги склучила, односно им пристапила Република Северна Македонија.
  6. Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Северна Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од Македонската Радио Телевизија, како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици.

 Јавното претпријатие дејностите ги врши преку:

  1. три радио мрежи на ултра кратки бранови (ВХФ/ФМ),
  2. една радио мрежа на средни бранови ( СБ ),
  3. три телевизиски мрежи ( ВХФ и УХФ ),
  4. дигитален мултиплекс ( ДВБ – Т ) и
  5. мрежа на микробранови аналогни и дигитални преносни врски.

 

Остварување доплонителни активности и услуги со надомест по други радиодифузни мрежи, поврзани со основните дејности, а особено заради целосно и економично користење на техничките и човечки капацитети и тоа:

  1. Проектирање, изведба и одржување на радиостаници;
  2. Монтажа и одржување на радиодифузни уреди, антенски системи и електрични инсталации;
  3. Изведба и издавање уверение за измереното заземјување на радио станиците;
  4. Проектирање, изведба и одржување на кабловски дистрибутивни системи;
  5. Контрола и мерење на изведените кабловски дистрибутивни системи како и издавање на уверение за истите;
  6. Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Северна Македонија со радиотелевизиски сигнали;
  7. Промет на склопови, уреди и опрема од радиодифузната и комуникациската дејност;
  8. Издавање под наем на комуникациски линкови и емитување на радио и телевизиски програми;
  9. Издавање под наем на дел на инфраструктурата на објектите (деловен простор), а заради инсталирање на радиодифузна, комуникациска и друга опрема, како и издавање под наем на веќе инсталираната опрема и уреди;
  10. Одржување на функционални системи, консалтинг и инжинеринг услуги од областа на радиодифузијата и други работи во врска со основната дејност.