Новости

This post is also available in: Albanian (Albanian)English (English)

мај 2022

Директорот на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ Ендрин Кадриу оствари работна средба со првиот вицепремиер и министер за политички систем г-дин Артан Груби.

Директорот на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ Ендрин Кадриу оствари работна средба со првиот вицепремиер и министер за политички систем г-дин Артан Груби. На состанокот се разговараше за законските обврски на ЈП НРД за имплементација на Broadbend во согласност со Европската агенда🇪🇺 во процесот на дигитална трансформација. Воедно, се разговараше за дигиталното радио DAB + 📻 и неговите придобивки што ќе ги донесе неговата имплементацијата во Република Северна Македонија. #Broadband #DABplus  

ЈП НРД учествуваше на Меѓународна регулаторна конференција: ПРЕДИЗВИЦИ КОН ГИГАБИТ ОПШТЕСТВО

ЈП Национална радиодифузија на 17-18 Мај 2022 год., учествуваше на Меѓународна регулаторна конференција: ПРЕДИЗВИЦИ КОН ГИГАБИТ ОПШТЕСТВО организиана од Агенцијата за електронски комуникации. Сесии на оваа конференција: Сесија 1: Регулаторни предизвици Сесија 2: 5G Сесија 3: Сајбер безбедност  Сесија 4: Broadbend ЈП НРД на оваа конференција презентираше во 4-тата сесија за Broadbend со темa: Изградба и развој на Национална транспортна оптичка мрежа. Дел од презентацијата беше за користење на постоечката инфраструктура на оптички влакна изградена со јавни средства , како дел од Националниот оперативен Broadbаnd план [...]

Целосна дигитализација на услугите, за доброто на граѓаните

Директорот на ЈП „Национална Радиодифузија“ Ендрин Кадриу денеска го пречека заменик директорот на Управата за Јавни Приходи, г. Абдул Селам Селами. На оваа средба се разговараше за неколку теми кои главно се однесуваат на блиската соработка што ја имаме како претпријатие со Управата за јавни приходи. Директорот Кадриу и заменик директорот Селами разменија искуства и идеи поврзани со дигитализацијата на институциите што ги застапуваат, со оглед на фактот дека нашиот приоритет останува целосната дигитализација на услугите што им се даваат на [...]

Директорот Ендрин Кадриу имаше состанок со претседателот на Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција

Директорот Кадриу отвори ново поглавје на соработка од меѓународен аспект меѓу двете институции, ЈП Националната радиодифузија на РСМ и Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција.   Директорот на ЈП Националната Радиодифузија, г-дин Ендрин Кадриу, денеска се сретна со претседателот на Високиот совет на турско радио и телевизија, г-дин Ебубекир Шахин. На средбата се разговараше за унапредување на технологијата и проектите кои ја поврзуваат работата на овие две институции. Меѓу другото, претседателот Шахин понуди обука за вработените во ЈП НРД [...]

Директорот на ЈП НРД имаше координативна средба со директорот на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот

Директорот на JП Националната Радиодифузија, Ендрин Кадриу, денеска имаше координативна средба со директорот на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот, Љупчо Јаневски. Тема на разговор беше имплементацијата на државниот проект за бесплатен Wi-Fi во туристички и атрактивни места. Двајцата се согласија дека институциите на државно ниво ќе ги обезбедат сите ресурси за овој проект да се реализира навреме.

АПЈ и ЈП Национална радиодифузија договорија заедничка соработка

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, беше домаќин на вршителот на должност директор на Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје, г. Ендрин Кадриу. На оваа средба се дискутираше за одредени аспекти поврзани со имплементација на Законот за употреба на јазиците во работата на јавното претпријатие кое врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации. Директорот Кадриу се заблагодари за можноста за средба и помошта околу разјаснување на одредени прашања кои произлегуваат од примената на Законот [...]

Директорот на ЈП НРД одржа работна средба со министерот на МИОА

Директорот на ЈП Национална Радиодифузија- Ендрин Кадриу, заедно со помошник директорот- Абдула Бајрами, денеска во просториите на МИОА имаше работен состанок со министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. На состанокот се разговараше за можностите за унапредување на соработката, а меѓу темите кои беа опфатени беа можноста за активирање на DAB+ (Digital Audio Broadcasting), четврти канал на Македонското радио и во врска со Национален оперативен broadband планот.

ЈП Национална Радидифузија одбележи 24-та година од своето осамостојување

На 28 јануари 1998 година се осамостоила под името Македонска Радиодифузија, но нејзиното постоење и работење датира од 1944 година. 24 години се грижиме за обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и ТВ програми и други иформациски содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и ТВ мрежа на територијата на Република Северна Македонија како и обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот. ЈП Национална Радиодифузија - Скопје