Документи

This post is also available in: Albanian (Albanian) English (English)

Документи 2021

Согласно точка 1.3. од Национален оперативен бродбенд план – НОБП за Утврдување на оправдани Сиви зони С1нга  во државата, ЈП Национална радиодифузија во соработка со BCO и АЕК, ги објавува Белите зони Б100 и оправданите Сиви зони С1нга.

Оправдана Сива зона С1нга ќе се смета за сива зона С100 во која постои една ултра брза NGA мрежа на оператор и нема план за развој на друга ултра брза NGA инфраструктура на друг оператор во наредните три години и исполнување на следните услови:

  1. До зоната не постојат слободни оптички влакна кои можат да се користат како агрегациско поврзување или постојат, но цените за нивно изнајмување не обезбедуваат економско рентабилно работење во зоната
  2. Во идните три години не постојат планови за изградба на оптичка инфраструктура до оправдана Сива С100 зона со капацитет и услови согласно претходното

На следниот линк се објавени Белите зони Б100 и оправданите Сиви зони С1нга:

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 1 април 2019 година го усвои Националниот Оперативен Бродбенд План – НОБП (http://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/reports/nacionalen_operativen_brodbend_plan_finalna_verzija_02.04.2019.pdf) со кој се предвидува ЈП НРД на цела територија на државата да изгради Национална Транспортна Оптичка Мрежа (НТОМ)  на која со оптички кабел со повеќе оптички влакна ќе бидат поврзани:

 

  • Листа на локации на кои ќе се обезбедува бесплатен безжичен WIFI интернет пристап во општините (паркови, итн), кои ќе се поврзат на мрежните јазли на НТОМ.
  • Листа на институции кои што се под надлежност на општините ( образовна институција, културно уметничка институција, религиски објект, здраствена институција, општинска зграда, итн), кои ќе се поврзат на мрежните јазли на НТОМ.

Врз основа на точка 1.9. од Национален Оперативен Бродбенд План, секоја општина од државата има испратено до ЈП Национална Радиодифузија (ЈП НРД) повратна информација за предлог локации за бесплатен WIFI интернет пристап и институции кои што се под надлежност на општините кои би сакале да се постават на високо фреквентни места во својата општина.

При обработка на листата за предлог локациите од општините кои се доставени, ние како ЈП НРД започнавме со подготвителни активности за изготвување на Студија на изводливост.

Истовремено, со ваквата оптичка инфраструктура ќе се зголеми и квалитетот на интернет услугите за сите граѓани на РСМ и сето тоа ќе биде финансирано од страна на Влада на Република Северна Македонија која ќе овозможи користење на бесплатен државен WiFi со кликнување на линк што ќе води до промотивна страна на општина, на реон, на влез во држава.

Бесплатниот државен WiFi треба да обезбеди поддршка на развојот на туризмот и поттикнување на користењето на бродбендот во белите зони во државата.

Трошоците за обезбедување на бесплатен државен WiFi се покриваат со средства од Буџетот на РС Македонија.

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 1 април 2019 година го усвои Националниот Оперативен Бродбенд План – НОБП (http://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/reports/nacionalen_operativen_brodbend_plan_finalna_verzija_02.04.2019.pdf) со кој се предвидува ЈП НРД на цела територија на државата да изгради Национална Транспортна Оптичка Мрежа (НТОМ)  на која со оптички кабел со повеќе оптички влакна ќе бидат поврзани:

  • Листа на јавни институции (групирани по видови и населени места), кои ќе се поврзат на мрежните јазли на НТОМ;

Јавни институци: образовни институции (училишта, универзитети, библиотеки, истражувачките центри итн), здравствени установи, министерства, судови, финансиски установи, локални самоуправи и други државни органи и тела.

Во утврдување на листата на јавни институции, се зема предвид постојната и планираната поврзаност на јавните институции изградена со јавни средства.

ЈП НРД обезбеди платформа за мапирање на јавни институции и наменски изработено апликативно решение, со кое ќе се овозможи мапирањето на овие институции да го вршат надлежните министерства, како на пр. Министерство за здравство, Министерство за образование, Министерство за финансии, Министерство за правда, Министерство за локална самоуправа итн., со што ќе се гарантира најдобра можна точност на податоците.

Истовремено, со ваквата оптичка инфраструктура ќе се зголеми и квалитетот на интернет услугите за сите граѓани на РСМ и сето тоа ќе биде финансирано од страна на Влада на Република Северна Македонија.

При обработка на листата на јавните институции кои се доставени, ние како ЈП НРД започнавме со подготвителни активности за изготвување на Студија на изводливост.

Документи 2019


Писма до министерства и други јавни  институции

Excel табела до министерства и други јавни  институции

Писма до ЗЕЛС

Excel табела до ЗЕЛС