BROADBAND

Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, па во таа насока произлегува обврската за усвојување на Национален Оперативен Бродбенд План (НОБП), кој ќе биде усогласен со стратешките цели на иницијативата Digital Agenda for Europe – на ЕУ, како кровна стратегија за развој на информатичкото општество од 2010 година и стратегијата Towards a European Gigabit Society for 2025 на ЕУ од 2016 година.

Националниот Оперативен Бродбенд План, како наследник на Националната стратегија за развој на следна генерација широкопојасен интернет ги утврдува националните бродбенд таргетите кои треба во идниот период да се достигнат и утврдува мерки и активности за достигнување на истите.

НОБП E ФОКУСИРАНО НА СЛЕДНИВЕ АНЕКСИ:

АНЕКС 1: БРОДБЕНД ТАРГЕТИ НА ЕУ

АНЕКС 2: ИЗВРШЕНО МАПИРАЊЕ

АНЕКС 3: ИЗБОР НА БРОДБЕНД ИНФРАСТРУКТУРА

АНЕКС 4: ИЗБОР НА ИНВЕСТИЦИСКИ МОДЕЛ

АНЕКС 5: ИЗБОР НА БИЗНИС МОДЕЛ

АНЕКС 6: КОРИСТЕЊЕ НА ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА РАЗВОЈ НА БРОДБЕНД МРЕЖИ

МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ БРОДБЕНД ТАРГЕТИ:

  1. КОРИСТЕЊЕ НА ДРЖАВНА ПОМОШ
  2. ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИСТАП ДО УЛТРА БРЗ ИНТЕРНЕТ
  3. ПОДОБРА ЗАКОНСКА РАМКА И РЕГУЛАЦИЈА
  4. ПЛАН ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА 5G

Имајќи го предвид претходното, јавно тело кое ќе биде надлежно за спроведување на државната помош, односно ќе гради и управува со бродбенд инфраструктура која потоа ќе се дава на користење на операторите под недискриминаторски и транспарентни услови, согласно овој НОБП ќе биде ЈП Национална Радиодифузија, чии надлежности се утврдени со Законот за основање на Јавно Претпријатие Национална Радиодифузија.

  •  обезбедува оптичка инфраструктура и придружни средства за потребите на операторите за нивно агрегациско поврзување со пристапни broadband мрежи,
  • поврзување на институциите од јавниот сектор и локациите за бесплатен WiFI интернет пристап во единиците на локалната самоуправа на Националната оптичка транспортна мрежа,
  •  обезбедување на пристапни broadband мрежи и средства во областите каде нема доволен комерцијален интерес за инвестиции за ваков вид на мрежи, со цел операторите истите да ги користат за на крајните корисници да им обезбедат broadband пристап до интернет и други услуги.

Со цел  да може да ги исполни обврските утврдени во овој Национален Оперативен Бродбенд План, ЈП Национална Радиодифузија ги  прошируваше  надлежностите и ги  подигна институционалните капацитети.

ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА

Јавно претпријатие Национална Радиодифузија – Скопје на 03 Ноември 2022 (четврток), со почеток во 10.00 часот во Хотел Континентал ќе одржи јавен состонак на тема
“Реализација на обезбедување бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации на туристички дестинации и атракции на територијата на РСМ” .

Јавниот состанок е согласно нацрт-записникот од Владата на Р.Северна Македонија за Информација за обезбедување на бесплатен државен Wi-Fi на отворени јавни површини.

ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА

Повеќе информации во врска со јавниот состакон на:  ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА