Директорот Ендрин Кадриу имаше состанок со претседателот на Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција

Директорот Ендрин Кадриу имаше состанок со претседателот на Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција

This post is also available in: Albanian (Albanian)

Директорот Кадриу отвори ново поглавје на соработка од меѓународен аспект меѓу двете институции, ЈП Националната радиодифузија на РСМ и Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција.

 

Директорот на ЈП Националната Радиодифузија, г-дин Ендрин Кадриу, денеска се сретна со претседателот на Високиот совет на турско радио и телевизија, г-дин Ебубекир Шахин.

На средбата се разговараше за унапредување на технологијата и проектите кои ја поврзуваат работата на овие две институции. Меѓу другото, претседателот Шахин понуди обука за вработените во ЈП НРД во Република Турција во областа на технолошкиот развој-дигитализација.

Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција ке обезбеди поголема меѓународна институционална соработка на нашето претпријатие и со други држави.

На оваа средба беа проектирани нацрт идеи кои ќе бидат вклучени во меморандумот за соработка што ќе се реализира со посетата на турската делегација во Скопје.