АПЈ и ЈП Национална радиодифузија договорија заедничка соработка

АПЈ и ЈП Национална радиодифузија договорија заедничка соработка

This post is also available in: Albanian (Albanian)

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, беше домаќин на вршителот на должност директор на Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, г. Ендрин Кадриу.

На оваа средба се дискутираше за одредени аспекти поврзани со имплементација на Законот за употреба на јазиците во работата на јавното претпријатие кое врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации.

Директорот Кадриу се заблагодари за можноста за средба и помошта околу разјаснување на одредени прашања кои произлегуваат од примената на Законот за употреба на јазиците. Од друга страна, директорот Села понуди целосна поддршка во делот на размена на мислења, стручни консултации, како и превод и лекторирање на општи акти, обрасци и формуларите на јавното претпријатие, со расположливиот кадровски капацитет со којшто располага АПЈ.

Двајцата соговорници се согласија дека ваквите средби придонесуваат за унапредување на соработката во интерес на целосна и доследна имплементација на Законот за употреба на јазиците.