ЈП НРД учествуваше на Меѓународна регулаторна конференција: ПРЕДИЗВИЦИ КОН ГИГАБИТ ОПШТЕСТВО

ЈП НРД учествуваше на Меѓународна регулаторна конференција: ПРЕДИЗВИЦИ КОН ГИГАБИТ ОПШТЕСТВО

ЈП Национална радиодифузија на 17-18 Мај 2022 год., учествуваше на Меѓународна регулаторна конференција: ПРЕДИЗВИЦИ КОН ГИГАБИТ ОПШТЕСТВО организиана од Агенцијата за електронски комуникации.
Сесии на оваа конференција:
  • Сесија 1: Регулаторни предизвици
  • Сесија 2: 5G
  • Сесија 3: Сајбер безбедност
  •  Сесија 4: Broadbend
ЈП НРД на оваа конференција презентираше во 4-тата сесија за Broadbend со темa: Изградба и развој на Национална транспортна оптичка мрежа.
Дел од презентацијата беше за користење на постоечката инфраструктура на оптички влакна изградена со јавни средства , како дел од Националниот оперативен Broadbаnd план а посебен фокус се стави на слободните капацитети на оптичките влакна.

Бесплатни Wi-Fi локации на туристички дестинации и атракции низ целата земја, за кои Владата РС Македонија на 08 Март 2022 година на дваесет и третата седница го усвои извештајот и го прифати списокот на бесплатни Wi-Fi локации на туристички дестинации и атракции низ државата со вкупно 376 локации.

На меѓународната конференција истите се презентираа пред регулаторни тела и комерцијалните интернет оператори.
Се потенцираше дека развојот и имплементација на НОБП базирана на Дигитална агенда на Европската унија се особено важни во процесот на дигиталната трасформација во Р. Северна Македонија.