ЈП НРД со високо структурирано темпо успешно го заврши просецот на мапирање на сите Јавни Институции, Општини

ЈП НРД со високо структурирано темпо успешно го заврши просецот на мапирање на сите Јавни Институции, Општини

Според точка 1.9. од Национален оперативен бродбенд план – Мапирање на јавни институции и општини, ЈП Национална радиодифузија обезбеди ГИС платформа за мапирање на :

  1. Листа на јавни институции (групирани по видови и населени места), кои ќе се поврзат на мрежните јазли на НТОМ
  2. Листа на институции кои спаѓаат под општините

Листата на јавни институции се состои од: образовни институции (училишта, универзитети, библиотеки, истражувачки центри), здравствени институции (болници, амбуланти, здравствени домови), министерства, судови и други државни органи и тела. Во оваа листа, во предвид ја земавме постојаната и планираната поврзаност на јавните институции изградена со јавни средства. Листата на јавни институции се состои од вкупно 1359 институции, додека листата на општини се состои од вкупно 81 општина со 1164 институции кои спаѓаат под општините. За сите овие локации има информација за: назив на институција, населено место, објект-шифра, адреса, општина, шифра на општина, GPS координати во DD формат. За да ги добиеме овие податоци, тимот на ЈП НРД ги спроведе следните активности:

  • Испраќање на Писма од МИОА (Министерот)
  • Испраќање на електронски пораки
  • Телефонски јавувања
  • Повторно испраќање на писма/дописи за доставување на дополнителни податоци
  • Директни посети на општините и јавните институции (над 5%)
  • Дополнително обаснување за пополнување на табелите
  • Обработка и анализа на табелите
  • Внесување на податоците во ГИС платформата

Јавни Институции 2021- за на веб страна.xlsx

Институции Општини 2021- за на веб страна.xlsx