Целосна дигитализација на услугите, за доброто на граѓаните

Целосна дигитализација на услугите, за доброто на граѓаните

This post is also available in: Albanian (Albanian)

Директорот на ЈП „Национална Радиодифузија“ Ендрин Кадриу денеска го пречека заменик директорот на Управата за Јавни Приходи, г. Абдул Селам Селами.

На оваа средба се разговараше за неколку теми кои главно се однесуваат на блиската соработка што ја имаме како претпријатие со Управата за јавни приходи.

Директорот Кадриу и заменик директорот Селами разменија искуства и идеи поврзани со дигитализацијата на институциите што ги застапуваат, со оглед на фактот дека нашиот приоритет останува целосната дигитализација на услугите што им се даваат на граѓаните и пошироко.