Финансиски мерки на ЈП НРД во надминувањето на кризата со Ковид 19

Финансиски мерки на ЈП НРД во надминувањето на кризата со Ковид 19

This post is also available in: sqAlbanian (Albanian)

По заедничката иницијава на Ресорно Министерство (МИОА) и ЈП НРД се донесе Уредба од страна на Влада на РСМ, кон пооддршка на сите комитенти на нашето претпријатие – Радио Куќи преку ослободување од плаќање за услугите кои ги користат од ЈП НРД во вид на закупнина и трошокот за електрично напојување на нивната опрема преку дистрибутивната мрежа или пак преку агрегати за цела 2020-та година.

Вкупниот износ кој ЈП НРД го отстапува, односно нема го фактурира во текот на 2020-та година, за овие Друштва по сите основи е: 6 милиони денари.

Точната сума ке зависи и од цената и потрошената количина на електричната енергија и други енергенси при користење на агрегатите во соопственост на ЈП НРД.

Ние како ЈП Национална Радиодифузија имаме соработка со 7 (седум) Радио Куќи (Трговски Радиодифузни Друштва) на ниво на целата држава, на локално или централно ниво. Најголем дел од нив користат под наем простор од нашите антенски столбови, напојување со електрична енергија, но не исклучувајќи и други пропратни услуги.

Главната причина за овој предлог, се континуираните повратни информации кои ги добиваме од овие друштва а се однесуваат на оправдани забелешки и поплаки дека имаат значително намалени приливи по основ на реклами а со тоа и значително намалена добивка во оваа година што резултира со загрозување на нивната одржливост.

Сите Радио Куќи имаа особен придонес секој во нивниот препознатлив формат во пренесување на уредбите, одлуките и препораките од Владата на РСМ до населението, а со тој несебичен однос и истакнат алтруизам претставуваат инкремент во навремено споделување на информациите, едукација и информирање на населението со што директно и тие се вклучени во борбата за справување со пандемијата на КОВИД 19.

Дополнително, би сакале да нагласаме дека ЈП НРД од почетокот на пандемијата со вирусот, во целоост ги имплементираше сите одлуки, барања и препораки од Владата на РСМ поврзани со борбата против вирусот. Во неколку наврати сме давале сопствен придонес кон пооддршка и на другите институции а со тоа индиректно и кон населението во државата, преку:

  1. Со прогласувањето на пандемијата ЈП НРД го плати предвремено аконтативниот данок кон УЈП за цела 2020та година, на иснос од 12 милиони МКД,
  2. ЈП НРД им даде позајмица на износ од 70 милиони МКД на ЈП Македонски Шуми за подобрување на нивната моментална финансиска ликвидност,
  3. По барање од Владата на РСМ кон сите државни институции, пристапивме кон намалување и рационализирање на оперативните трошоци на претпријатието за 15%, или во абсолутен износ од над 40 милиони МКД.

 

 

Директор на ЈП НРД

Адмирим Алити