Средба со директорот на АЕК

Средба со директорот на АЕК

This post is also available in: sqAlbanian (Albanian)

Денеска, на 10.05.2021 година,  Директорот на ЈП Национална Радиодифузија, Д-р. Фестим Халили, реализираше средба со директорот на Агенцијата за електронски комуникации, г. Јетон Акику.

На денешната средба тема на дискусија беа координација и систематизација на активностите во интерес на граѓаните и заедничките области на нашите две институции.

Дигитална европска агенда за Западен Балкан претставува јадро за олеснување на животот на граѓаните која се заснова на:

  •  Инвестиции во поврзување на бродбенд мрежа (широк опсег)
  •  Зголемување на сајбер безбедноста и автоматизација на индустријата
  • Зајакнување на дигиталната и социјалната економија
  •  Унапредување и поттикнување на истражувањата и иновациите