Состанок на ЈП НРД со претставници на НКБК

Состанок на ЈП НРД со претставници на НКБК

Денеска, на 28.02.2020 година,  во просториите на ЈП Национална Радиодифузија,  беше реализиран состанок од страна на Менаџментот на ЈП НРД и тимот на ЈП НРД кои го сочинуваат: Имер Далипи, Маја Коруноска, Александра Митревска, Севиме Џемаиљи, Вјолца Шемши и Албан Синани со Националната Канцеларија За Бродбенд Компетентност (НКБК) и членови од МИОА и Министерство за Транспорт и врски, со цел да се презентираат собраните информации по пат на индукција а во врска со Мапирањето на Јавните Институции и Општините на територијата на Република Северна Македонија.

Тема на дискусија беа активностите кои ЈП НРД ги спроведе за прибирање на овие информации , анализа на досегашните информации кои тимот на ЈП НРД ги има приберено од страна на јавните институции и општините и предлог локациите за бесплатен WIFI интернет пристап.

За време на презентацијата  се разви релевантна дискусија поврзана со идентификуваните wi-fi точки од страна на институциите. Дискусијата ги наметна прашањата за начинот на кој се идентификувани wi-fi точките, параметрите кои ќе овозможат поставување насоки и критериуми за ревидирање на предложените wi-fi точки како и дискусија за капацитетот на проектната активност да одговори на дадените предлози и начин на справување во случај на надминување на проектните можности.

Оваа дискусија резултираше и со предлог од страна на претседателот на (НКБК) за фазно пристапување кон реализација на проектната активност на (НКБК).

Точка 1.9. од НОБП е сеуште во тек и заедно со препораките од  страна на НКБК ќе биде финализирана во наредните чекори кои ќе бидат основа за спроведување на Студија на изводливост на НОТМ.