Регионална работилница за Дигитална Трансформација во Варшава

Регионална работилница за Дигитална Трансформација во Варшава

На 4 и 5 април 2019 година членовите на  Европската Радиодифузна Унија (EBU) се собрале во седиштето на Полското Радио во Варшава, за регионална работилница за Дигитална Трансформација.

Регионот беше застапуван од  членови на Латвија (Латвиско радио), Литванија (ЛРТ), Северна Македонија (НРД), Молдавија (ТРМ), Романија (Романски радио) и Полска со претставници од Полското Радио и Полската Телевизија.

Претставници на Ј.П. Национална Радиодифузија беа директорот на Националната радиодифузија  М-р . Адмирим Алити и Советникот – Имер Далипи.

Секој член ја презентираше моменталната состојба за своите организации, со поглед на предизвиците со кои се соочуваат. Темите за кои се дискутираше  беа:  дигитализација на архивите, истражување на дигитални иновации (како што се DAB+, podcasts, и  live streams), реструктуирање на нивните организации да бидат поспособни за промени,  и други.