Работен координативен состанок меѓу ЈП НРД и НКБК

Работен координативен состанок меѓу ЈП НРД и НКБК

This post is also available in: Albanian (Albanian) English (English)

На 28 мај 2021 година, ЈП Национална Радиодифузија (ЈП НРД) иницираше и одржа работен координативен состанок со Националната Канцеларија за Бродбенд Компетентност НКБК), на кој се дискутираше за повеќе прашања кои произлегуваат од Националниот Оперативен Бродбенд План (НОБП).

На почетокот на состанокот претставници на ЈП НРД направија Презентација на податоците кои се потребни за Анализа на состојбата на оптичката инфраструктура изградена со јавни средства, испратени од страна на другите институции.

На состанокот се разговараше за успешно завршениот процес на мапирање на јавните институции и општините, потоа завршувањето на мапирањето на слободни Wifi точки, внесувањето на сите неопходни потребни податоци во ГИС платформата на ЈП НРД, како и размената на идеи и ставови за ефективно и ефикасно спроведување на следните фази на НОБП.

Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов оцени дека одржувањето координативни состаноци меѓу НКБК како експертско советодавно тело, ЈП НРД како јавен оператор што ќе ја гради и одржува Националната транспортна оптичка мрежа (НОТМ), Агенцијата за електронски комуникации и останатите институции со улога утврдена во НОБП е од исклучително значење за успешноста на реализација на НОБП.

Тој истакна дека сработеното до сега покажува дека ЈП Национална Радиодифузија има капацитет да ги спроведе активностите и обврските кои произлегуваат од НОБП и укажа дека податоците за WiFi точки, за бели зони и сл. треба јавно да се објавуваат на веб страната на ЈП НРД.