Посета на годинешниот Меѓународен конгрес за радиодифузија во Амстердам – IBC

Посета на годинешниот Меѓународен конгрес за радиодифузија во Амстердам – IBC

Директорот на Јавното претпријатие Национална Радиодифузија на Северна Македонија, М-р. Адмирим Алити, присуствуваше на Меѓународниот Конгрес за Радиодифузија (IBC), познато како највлијателен Конгрес во светот во областа на радиодифузија.

IBC е независно тело во сопственост на шест партнерски тела: IABM, IEEE, IET, RTS, SCTE и SMPTE, со стручен персонал кој работи на создавање на исклучително искуство во IBC.

Оваа година, Меѓународниот Конгрес за Радиодифузија (IBC) се одржа на 13-17 септември во Конгресниот центар RAI во Амстердам, Холандија.

За време на конгресот, директорот одржа неколку средби со водечки компании од областа на комуникациите, како што се: Gates Air (американска фирма), Jampro (американска фирма), Media Kind (екс- Ericsson, англиска фирма), Kybio Media (француска фирма) , Kinow (француска),итн. Средба се одржа и со Здружението WorldDab, со седиште во Лондон.

На ова службено патување, директорот беше придружен од инженери за инфраструктура Бранко Пешевски и Егзон Мустафа.