Посета во Литванија за размена на искуства во делот на НОБП

Посета во Литванија за размена на искуства во делот на НОБП

Од  10 – 12 јули 2019 година, дел од единицата за имплементација (PIU) на Бродбенд проектот од ЈП НРД, ја посети јавната установа Plačiajuostis internetas во Вилнус, Литванија, за да стекнат искуствa од нивните проекти наречени: RAIN, RAIN-2, PRIP, PRIP 2, чија цел се Broadband услугите во руралните зони на Литванија.

Директорот на Plačiajuostis internetas, г-дин Gytis Liaugminas и  главните специјалисти зборуваа околу општите информации за компанијата и за   имплементацијата на Broadband проектите.

Тие го истакнаа своето искуство во реализацијата на проектот:  дизајн на мрежа, топологијата, активните мрежи, услуги, просториите и други информации поврзани со  Broadband проектите.

Претставниците од ЈПНРД, исто така, имаа можност да ги видат  мрежните јазли. Во просториите на  општинскиот јазол – Ukmergė, преку кој се даваат услуги за операторите, имаа можност да   ја видат  опремата.Исто така беше посетен и  главниот агрегациски јазол кој се наоѓа во Вилнус.