ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ е јавен радиодифузен оператор на територијата на РСМ кој се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на програмите на територијата на Република Северна Македонија што се емитуваат преку основната радиодифузна мрежа.

Развојните проекции на ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ во делот на обезбедување на основната функција се движат во насоките:

  • Дигитализација на земските телевизиски и радио мрежи;
  • Следење и воведување на нови технологииод областа нарадиодифузијата и електронските комуникации;
  • Изградба на нови радиодифузни објекти за допокривање на населениетона РСМ со квалитетен радио и телевизиски сигнал.
  • обезбедува оптичка инфраструктура и придружни средства запотребите на операторите за нивно агрегациско поврзување сопристапни broadband мрежи,
  • поврзување на институциите од јавниот сектор и локациите забесплатен WiFI интернет пристап во единиците на локалнатасамоуправа на Националната оптичка транспортна мрежа,
  • обезбедување на пристапни broadband мрежи и средства вообластите каде нема доволен комерцијален интерес заинвестиции за ваков вид на мрежи, со цел операторите истите дагикористат за на крајните корисници да им обезбедат broadbandпристап до интернет и други услуги,
  • контрола,мерење на квалитетот и управување со мрежите ипридружните средства,
  • обезбедува и други јавни електронски комуникациски мрежи иуслуги согласно со Законот за електронските комуникации.

При реализација на своите услуги, во потполност ќе ги исполнува:

  • Барањата и очекувањата на граѓаните-корисниците и обезбедување на нивно задоволство,
  • Барањата на важечките закони и прописи,
  • Сопствените барања и цели

Овие цели ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ ги остварува со спроведување и постојано подобрување на воспоставениот систем за менаџмент со квалитет, усогласен со барањата на стандардот ISO 9001: 2015, што опфаќа:

  • Развивање партнерски односи со испорачателите,
  • Идентификација, утврдување и управување со процесите и ресурсите кои придонесуваат за задоволство на граѓаните-корисниците на услугите,
  • Активно учество на вработените во процесот на давање услуги,
  • Поедноставување на постапките на услужување на граѓаните-корисниците на побрз, поефикасен, поефтин и поквалитетен начин,
  • Постојано подобрување на квалитетот на услугата и процесите на давање услуги со континуирана обука на кадарот,
  • Развивање партнерски односи со добавувачите,
  • Постојано следење на светските трендови од доменот на својата дејност, и
  • Мерки за зголемување на задоволството на граѓаните-корисниците,
  • Посветеност кон постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитетот.