Монтажа на DVB-T филтерски келии

Монтажа на DVB-T филтерски келии

МРД во изминатиот период август 2019 година ја започна првата фаза од демонтажа, монтажа и инсталирање на DVB-T филтерски келии со критична маска и преподесување на DVB-T предаватели и репетитори на нови канали и пуштање во работа поради имплементација на Одлуката на Европскиот Парламент 2017/899 од 17.05.2019.

Во овој период успешно е извршена демонтажа, монтажа и инсталирање на DVB-T филтерски келии со критична маска и преподесување на DVB-T предаватели и репетитори на нови RF канали и пуштање во работа на 21 радиодифузен објект.

Целосно се завршени сите предвидени активности во зоните (allotment) Страцин и Боскија додека активностите во зоната (allotment) Црн Врв се во тек.