Монтажа на ФМ опрема

Монтажа на ФМ опрема

ЈП Национална Радиодифузија во изминатиот период јули – септември 2019 година ја започна втората фаза од проектот “Зајакнување на ТВ и ФМ сигналите во граничните делови на Р.С.Македонија и Воведување на динамички сигнал за поквалитетно следење на трите програми на Македонско радио на територијата на Р.С. Македонија”.

Во овој период успешно е монтирана ФМ предавателна и процесирачка опрема на радиодифузните објекти Беласица, Стогово и Попова Шапка.

Монтиран е ФМ предавателен систем 3+1 од реномираниот производител RVR од Италија. Сите ФМ предаватели се со инсталирана моќност од 5кW.

Исто така на овие радиодифузните објекти монтирани се и нови 5кW ФМ квадриплексери (QPX) од реномираниот производител RVR – Италија.

На радиодифузните објекти Беласица, Стогово, Попова Шапка, Страцин, Тепавци, Мрзенци и Цоцон монтирана е и процесирачка опрема IP/MPX декодери за сите радио програми на Македонското радио од производителот 2Wcom од Германија.

Со ова се овозможува квалитетен прием на сите програми на Македонско радио.