Извештај од Презентацијата за Мапирање на јавните институции, локации за бесплатен WIFI интернет пристап

Извештај од Презентацијата за Мапирање на јавните институции, локации за бесплатен WIFI интернет пристап

ЈП Национална радиодифузија во соработка со BCO, МЕПСО, ЈП МЖ Инфраструктура и другите субјекти кои поседуваат оптичка инфраструктура изградени со јавни средства, изготви Анализа за постојната состојба на оптичката инфраструктура во државата изградена со јавни средства и идните планови за развојот и користење на истата, особено во однос на оптичките кабли и оптичките влакна, како од аспект на расположливи капацитети, така и од аспект на квалитет на истите.

Пред започнување на подготовката на Студијата за изводливост на НТОМ, ЈП НРД обезбеди платформа за мапирање на:

  • Листа на јавни институции (групирани по видови и населени места), кои ќе се поврзат на мрежните јазли на НТОМ
  • Листа на локации на кои ќе се обезбедува бесплатен безжичен WIFI интернет пристап во општините (паркови, итн), кои ќе се поврзат на мрежните јазли на НТОМ

 

 

 

АНАЛИЗА 1:

Во Анализа 1 претставени се предлозите за локации за бесплатен WIFI интернет пристап кои општините имаат право да ги одберат. Како локации беа понудени: автобуска станица, железничка станица, зоолошка градина, културно – уметничка институција, образовна институција, отворен пазар, парк, плажа, плоштад, простор пред М3, религиски објект, спортско – рекреативен центар и туристичка локација. Според анализата која што ја спроведовме дојдовме до заклучок дека се избрани вкупно 470 локации за бесплатен WIFI интернет пристап, од кои 1.3% од општините ја одбрале автобуска станица за локација, 2.1% одбрале здравствена организација, 0.2% зоолошка градина, 5.3% културно – уметничка институција, 13.2% образовна институција, 1.9% отворен пазар, 24.0% парк, 0.2% плажа, 20.9% плоштад, 3.6% простор пред М3, 4.0% религиски објект, 16.2% спортско – рекреативен центар и 7.0% туристичка локација

 

АНАЛИЗА 2:

Во Анализа 2 е објаснета постоечката поврзаност на Интернет на јавните институции на локално ниво (општините) и јавните институции на централно ниво. Од вкупно 1137 институции кои беа анализирани, само 16 од институциите на локално ниво користат Интернет со брзина која е поголема од 100 Mbps, 248 институции на локално ниво користат Интернет со брзина од 30 Mbps до 100 Mbps и 722 институции на локално ниво користат Интернет со многу мала брзина (помала од 30 Mbps). Од институциите на централно ниво, 81 институција користи Интернет со брзина од 100 Mbps, 309 институции на централно ниво користат Интернет со брзина од 30 Mbps до 100 Mbps и 941 институции на централно ниво користат Интернет со брзина од 30 Mbps. Од оваа анализа можеме да ја утврдиме големата потреба од овој проект!

 АНАЛИЗА 3:

Во Анализа 3 е опфатена технологијата која се користи од страна на јавните институции на локално и централно ниво. Од оваа анализа можеме да дојдеме до заклучок дека 672 институции користат оптика како технологија, 50 институции користат DOCSIS, 47 институции користат VDSL, 89 институции користат LTE и 1162 институции користат ADSL како технологија, односно тоа се 44% од институциите на територијата на Република Северна Македонија.

АНАЛИЗА 4:

Во Анализа 4 направивме испитување на месечениот надоместок кој јавните институции на локално и централно ниво го плаќаат, каде дојдовме до заклучок дека најголем дел од институциите имаат месечен надоместок за користење на Интернет во опсег од 1200 до 3000 денари. 11% од институциите плаќаат над 9000 денари, а само 6% од институциите плаќаат помалку од 600 денари месечно.