Директорот на ЈП НРД, Д-р Фестим Халили, одржа работна средба со директорите на АЕК и Национална радио

Директорот на ЈП НРД, Д-р Фестим Халили, одржа работна средба со директорите на АЕК и Национална радио

This post is also available in: Albanian (Albanian)

На ден 01.03.2021 година во просториите на Ј.П.Национална Радиодифузија -Скопје,  се одржа состанок на кој присуствуваа директорите на Ј.П Национална радиодифузија – г. Фестим Халили,  Агенцијата за електронски комуникации г. Јетон Акику и Национална радио гѓ. Ајтене Власаку Мехмети , како и технички лица, на кој се разговараше за неколку значајни работи и тоа :

 

    •  Технички можности за доделување на фреквенции за реализација на четврта мрежа за национално покривање од пунктовите на Ј.П.Национална радиодифузија за пренесување на програмските сервиси на Национална радио, и други заинтересирани

 

    •  Потребата за воведување на дигитално радио во Република Северна Македонија како можност за обезбедување на потребните радиофреквенции. Со оглед на тоа дека станува збор за воведување на нова технологија, потребно е да се обезбеди јасна законска регулатива, која пак бара одредени законски измени и усогласувања како и координиран пристап и учество на сите релевантни институции поврзани со овој значаен процес. За истото закажан е следен состанок на кој ќе присуствуваат претставници од Ј.П.Национална радиодифузија, Министерство за информатичко општество и администрација, Агенција за електронски комуникации, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Национална радио-телевизија.

 

    • Можности за поврзување на ГИС платформите на Ј.П Национална радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации се со цел да се обезбеди размена на потребните информации и податоци поврзани со имплементацијата на Националниот Оперативен Броадбенд План што е и законска обврска на Ј.П.Национална радиодифузија.