Дводневен регионален семинар за “Дигитална трансформација” од EBU во Тбилиси

Дводневен регионален семинар за “Дигитална трансформација” од EBU во Тбилиси



Дводневен регионален семинар за "Дигитална трансформација" од EBU во Тбилиси

На 13-14 Фебруари 2019 година во Тбилиси, Грузија се одржа дводневнaтa регионална конференција “Дигитална трансформација” организирана од Европската Радиодифузна Унија (EBU), чиј домаќин беше First Channel (GPB). На настанот присуствуваа претставници на јавните радиодифузери од десет земји, меѓу кои и Германија, Турција, Украина, Молдавиа и Република Северна Македонија.

Главната цел на конференцијата беше размена на искуствата од областа на дигиталните технологии меѓу регионалните јавни радиодифузери.

М-р. Адмирам Алити, директор на Јавното претпријатие Македонска Радиодифузија коментираше за значењето на настанот и за дискутираните теми. Како што истакна, Грузискиот Јавен Радиодифузер го организираше овој состанок за да создаде добра можност за споделување на знаења и искуства.

“Ова е прекрасен настан затоа што Европската Радиодифузна Унија и Грузискиот Јавен Радиодифузер им дадоа можност на јавните радиодифузери од различни земји да се здружат. Мислам дека е важно да се сподели искуството и најдобрата практика. Поради брзи технолошки промени, сите ние се соочуваме со предизвици. Разговаравме за тоа како можеме да си помагаме едни со други со цел да сме во тек со промените “- рече Адмирим Алити.

Езра Ееман, раководителот на дигиталната трансформација на Европската Радиодифузна Унија, рече дека конференцијата во Тбилиси беше од голема важност бидејќи дискусиите се фокусираа на заедничките предизвици.

Конференцијата се фокусираше на споделување информации за предизвиците со кои се соочуваат дигиталните медиуми и зајакнување на соработката со цел да се воведе најдобрата практика во медиумите.