ГЛАСОТ НА МЕДИУМИТЕ ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ

ГЛАСОТ НА МЕДИУМИТЕ ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ

Европската Радиодифузна Унија (EBU) беше домаќин на следниот настан наречен “Гласот на медиуми за јавните услуги” во своите канцеларии во Брисел на 28 март 2019 година.

Директорот на Ј.П. Национална радиодифузија (НРД), М-р. Адмирим Алити, како претставник на НРД имаше прилика да се сретне и да дискутира со заменик Генералниот Директор на Европската Комисија – Sixtine Bouyges и директорката за комуникација на EBU – Michelle Roverelli.

Главните теми на конференцијата беа:

  • Предизвик за ‘Европска’ комуникација;
  • Алатки и техники за ангажирање на засегнатите страни во Брисел;
  • Претстојните европски избори и социјалнo медиумска стратегијата околу дебатата за Евровизија на EBU;
  • Виталната важност на медиумската писменост;
  • PSM и родова различност;
  • Презентирање од учесниците и други важни теми за медиумите за јавни услуги.

На конференцијата, имаше високи менаџери на престижни институции како што се: Deutsche Welle, RTE, RTBF, Yle, итн.