Воведување на DAB+ во Р.С. Македонија

Воведување на DAB+ во Р.С. Македонија

ЈП МРД успешно го воведе DAB+ системот кој е способен да ги задоволи сегашните и идни потреби на ЈП МРД како и да овозможи воведување на нови сервиси кои ќе произлезат со процесот на дигитализација во радиодифузијата.

DABDigital audio broadcasting е дигитален радио стандард за емитување на дигитални аудио радио услуги кој се користи во многу земји во светот.

Со почеток на изградбата на DAB+ мрежа на територијата на Р.С.Македонија се обезбедува:

  • квалитетен дигитален радио сигнал и можност за користење на сите долопнителни сервиси што ги овозможува ова современа технологија;
  • со имплементацијата на DAB+ би значело исполнување и следење на Заклучоците од Женевската конференција за воведување на дигитално радио. Ова би значело приближување на Р.С.Македонија до Европските стандарди во областа на радиокомуникациите;
  • ослободување на сериозен број аналогни фрекфенциии и можност за нивна примена за други услуги;
  • со имплементирање на DAB+ и исклучување на аналогната техника значително ќе се намали потрошувачаката на електрична енергија (преку 50% од досегашната потрошувачка на електрична енергија);
  • со воведување на ова мрежа се создаваат предуслови за комерцијално работење на ЈП МРД согласно промените на  Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на ЈП Македонска Радиодифузија, а исто така и поголема финансиска стабилност на самото претпријатие;
  • со реализација на проектот дигитализација на ЈП МРТ би се овозможиле квалитетни преноси од значајни настани и емитување на програма со многу подобри аудио и визуелни ефекти.

 

Првата фаза од проектот заврши на 27.06.2019 година со пуштање во експериментална работа на целокупната DAB+ опрема која е набавена.